Одложен мечот Болоња – Милан

Градоначалникот на Болоња, Матео Лепор и официјално потврди дека натпреварот помеѓу Болоња и Милан нема да се одигра овој викенд.

Градот Болоња беше погоден од големи поплави, па тоа е причината поради која што овој натпревар ќе се одигра на нов датум кој засега не е одреден.

„Училиштатата, парковите и спортските центри ќе останат затворени како мерка на претпазливост по обилните дождови на 19 октомври кои предзивикаа лизгање на земјиштетото, поплави, затворање на патиштата и прекин во електричната енергија“, објасни градоначалникот.

Постоеше опција поради густиот распоред натпреварот да се одигра на друг терен, но тоа е отфрлено. Наредниот датум дополнително ќе биде потврден.

Исто така, суспензиите за Теум Рејндерс и Тео Ернандез кои требаше да ги одработат против Болоња ќе ги одработат во следниот против Наполи кога нема да бидат во комбинација за настап.