Фудбалскиот натпревар од квалификациите за Купот на нациите на Африка меѓу Мароко и Либерија е одложен поради силниот земјотрес во оваа северноафриканска земја, во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе.
Мароко вечерва требаше да биде домаќин во Агадир, но фудбалскиот сојуз соопшти дека натпреварот е одложен на неодредено време по договор со Африканската фудбалска конфедерација (CAF).
Ова е воедно последен натпревар од групата К, а на завршниот турнир кој на почетокот на следната година ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска се пласираа Јужна Африка и Мароко.
Познатиот марокански репрезентативец Ашраф Хакими се огласи на социјалните мрежи и изрази сочувство за жртвите од земјотресот.
-Време е да си помогнеме еден на друг за да спасиме што повеќе животи. Сочувство до сите што изгубија близок, напиша Хакими на Инстаграм.
Воедно во текот на денот фудбалерите даруваа крв на повредените во страшниот земјотрес.
https://twitter.com/iamAkramPRO/status/1700528208343453725?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1700528208343453725%7Ctwgr%5Ecbf44ca73d601be830466e0dd84ea9915b6495a1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fporadi-zemjotresot-odlozhen-natprevarot-maroko-liberija-fudbalerite-daruvaat-krv-video%2F
На минатогодишното Светско првенство во Катар, Мароко стана првата африканска репрезентација која стигна до полуфиналето, каде што беше поразена од Франција.