Првиот приватен цивилен процес против германската биолабораторија и фармацевтска компанија „BioNTech“ поради здравствени последици од нејзината вакцина против коронавирусот во понеделникот е одложен на неодредено време поради сомневањата на адвокатот на тужителката во непристрасноста на претседателот на судскиот совет.
„Адвокатот на тужителката поднесе барање за промена на потсетседателот на судскиот совет поради сомневање во неговата пистрасност“, соопшти еден од портпаролите на Покраинскиот суд во Хамбург.
Правните застапници на тужителката со тоа сакаат да издејствуваат процесот да се води пред судски совет со повеќе судии а не само со еден, како што било предвидено.
Станува збор за првата приватна тужба , првата во низата можни тужби против компанијата во Германија поради нуспојави од вакцината. Адвокатскиот тим на тужителката наведе дека ширум Германија се поднесени повеќе од180 тужби поради здравствени проблеми предизвикани од вакцината на „BioNTech“.
Жената ја тужи германската биолабораторија и производител на вакцината за најмалку 150.000 евра поради нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во отштетното барање за кое ќе се решава пред судот во Хамбург. Тужителката тврди дека поради вакцината патела од болки во горниот дел од телото, од потечени нозе и раце и нарушување на сонот.
Нејзиниот адвокат Тобијас Улрих изјави за медиумите дека има намера да ја оспори процената на германскиот регулатор и на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на „BioNTech“ има позитивен сооднос меѓу ползата и штетата.
Според германскиот закон, производителите на лекови и вакцини се подложни на тужби и барања за отштета доколку медицинската наука покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или доколку упатствата за лековите се погрешни.
„BionTech“, кој вакцината „Comirnaty“ ја разви со американската фармацевтска компанија „Pfizer“, ја смета тужбата за неоснована. Вакцината, истакнуваат од компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе ширум светот, вклучително и повеќе од 64 милиони Германци.
Германската компанија, којашто неверојатно брзо кога станува збор за создавање, тестирање и масовно производство на која ид а е вакцина по прогласувањето на пандемијата беше првата во светот која ја пласираше на пазарот вакцината против коронавирусот SARS-CoV-2, ги отфрли обвинувањата на тужителката како неосновани.
„Ние врз основа на сите податоци коишто ни стојат на располагање ги испитавме здравствените проблеми кои ги наведува тужителката и дојдовме до заклучокот дека обвинувањата се неосновани“, соопштија од „BioNTeh“.
ЕМА твдеше дека вакцината е сигурна и дека во првата година од пандемијата на коронавирусната болест ковид-19 помогнала во светот да се спасат 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето со „Комирнати“ постои „мал ризик“ од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаление на срцето и дека во големо мнозинство ги погаѓа младите мажи.
Агенцијата досега примила околу 1,7 милиони поплаки и реакции поради нуспојави кои се развиле по примањето на вакцината против ковид-19. Најчесто и вообичаени нуспојави по вакцинирањето се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.
Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози, додваат од ЕМА. Се наведува и дека во Европскиот економски простор (ЕЕА)биле примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19.