Одложен судскиот процес за дедо Љубе

Во судот во Куманово заврши судскиот процес за дедо Љубе, односно постапката се враќа на прв претрес односно на нова истрага, јавува Канал 5.

Поради ново настанатата ситуација , поради новата изјава на обвинетиот Борче Иванов, кој изјави дека има нов момент во истрагата, дека тој не го тепал дедо Љубе туку дека отишол да земе пари за продадената пушка.

Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи каде се бара слобода  за него, а беше најавено дека и пред почетокот на судењето, ќе му се изрази поддршка.

Пред две години дедо Љубе бил измачуван  од натрапниците. Пред да успее да се ослободи, застрела еден од напаѓачите,  од измачувањето неговата баба останала глува.

Обвинителството го товари за три кривични делa: убиство на миг , убиство во обид и неовластено држење на оружје.