Одложена евакуацијата на цивилите до Мариупол, страните се обвинуваат

Во саботата нема да се спроведе планираната евакуација на цивилите од јужниот украински град Мариупол која се претвори во хаос, откако градските власти лојални на Киев ги повикаа граѓаните да се вратат во домовите и засолништата поради наводно ново руско ракетирање, додека руското министерство за одбрана објави дека силните националистички единици стационирани во градот уште од 2014 година го спречуваат населението да излезе држајќи го во заложништво како жив ѕид.

„Јас сум токму во Мариупол, на улица и слушам гранати на секои неколку минути. Гледам автомобили, луѓе кои сакаат да побегнат од градот а сега се враќаат. Тоа е хаос“, рекол за BBC 44-годишниот инженер Александар.

Градските власти на Мариупол објавија дека мора да ја одложат планираната масовна евакуација договортена со проруските милиции од Донецк, бидејќи наводно руските единици „не престануваат со нападите, иако се согласија на тоа“.

„Ги повикуваме жителите да се вратат во засолништата, бидејќи руската страна не се придржува до прекинот на огнот и продолжува со стрелањето врз градот и околината“, соопштија укранските власти.

Меѓународниот црвен крст (ICRC) објави во саботата попладнето, според достапните инфорамции, во саботата нема да има евакуација на цивилите од градот, пренесува Reuters.

„Остануваме во контакт со две стране во поглед на безбедното минување за цивилите од различни градови погодени со судирите. Од сцените во Мариупол и другите грдови денеска срцето се кине. Секоја иницијатива на страните која на цивилите им дава да здивнат од насилството и им овозможува доброволно да заминат во побезбедни области е добредојдена“, напишаа од Црвениот крст.

Челникот на прорускиот регион Донецк, Денис Пушилин, изјави дека милитантите од украинската националистичка едници „Азов“ активирале експлозивна правата на булеварот „Меотида“ во Мариупол и дека под урнатините во подрумот имало колу 200 лица, вклучително жени и деца.

Градот Мариупол, од кој украинските националисти не му дозволуваат на цивилното население, е многу тешко разурнат, изјавил локален жител за агенцијата РИА.

„Повеќе од сигурен сум дека половината од Мариупол го нема. Кога тргнавем пред два дена, четвртината од Мариупол веќе ја немаше. Односно, секоја четврта куќа беше или со голема дупка во ѕидовите или без покрив или без прозорците. Мене ми е урната во експлозија половината куќа, целото стакло испука, ѕидовите и таванот се силно оштетени“, изјавил соговорникот на агенцијата кој барал да остане анонимен поради страв за безбедноста на своите роднини кои останале во Мариупол.

Според него, напуштајќи го градот виделе големи разурнување на секој километар.

„Скршени прозорци, запалени станови. Два дена го гледамве Мариупол од високо, над него постојано светнуваше, градот гореше. Од Мариупол не остана ништо“, додава очевидецот.

Други жител на Мариупол, кој со сопругата и малолетната ќерка  во петокот успеал да побегне од опколениот град, тврди дека украинските сили со тешко оружје стрелале врз станбените населби обвинувајќи ги руските и проруските единици.

Максим, 27-годишен програмер, испратил видео во BBC од својата зграда во Мариупол на која се гледа чад од експлозиии во центарот на градот и од правецот на автопатот кон Запорожје каде требало да биде коридор за евакуација.

„Слушаме проектили и гледаме чад од зградите околу нас. Нашата зграда е полна со луѓе, бидејќи сите бегаат од центарот кој е под напад. Некои луѓе кои штотуку стигнаа ми кажаа дека во градот е целосна катастрофа и дека тела лежат по улиците“, рекол соговорникот BBC.

Заменикот градоначалник на Мариупол, Сергеј Орлов, кој е поставен на позицијата и од почетокот на борбите се огласува наместо градоначалникот и во петокот бараше помош во војници од НАТО, за BBC во саботата рекол дека примирјето целосно пропаднало.

„Тие продолжуваат да не засипаат со гранити. Луди се. Нема прекин на огнот во градот и нема никаде на планираната рута. Нешите цивили се подготвени, но не можеа да заминат поради гранатирањето“, тврди Орлов.

Руското министерство за одбрана објави во саботата утрото дека руските сили отвориле хуманитарни коридори во близина на градовите Мариупол и Волновага и дека пет часа ќе ги прекине акциите на нејзините единици. Украинските власти соопштија дека планираат да евакуираат околу 200.000 луѓе од Мариупол и 15.000 од Волноваха. Наб људувач на прекин на огнот треба да е Црвениот крст.

Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Донецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински., за BBC рекол дека примирјето пропаднало.