Оставката на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, е одложена пред органите на партијата поради страшната трагедија што се случи во Бугарија.
Од партијата СДСМ соопштија дека Централниот и Извршниот одбор на партијата вечерва нема да заседаваат поради трагедијата во која животот го загубија 46 лица, а седуммина се повредени.
Седниците беа закажани на барање на Заев, кој најави дека ќе бара признавање на оставката, најавена на 31 октомври, по вториот круг од изборите и лошите резултати на владејачката коалиција.
По констатирањето на оставката, стартува рокот од 15 дена за распишување на внатрепартиските избори за нов лидер, а се очекува истото лице да стане и мандатар за состав на новата влада.