
Пробата за инаугурацијата на идниот претседател на САД Џо Бајден што беше закажана за во недела е одложена поради безбедносни причини.
Како што објавува Reuters, пробата сега била одложена за во понеделник а тимот на Бајден исто така го откажал патувањето на новиот претседател од Вилмингтон за Вашингтон што било планирано за во понеделник поради нарасната загриженост за неговата безбедност.
Инаку Федералното биро за истраги (FBI) соопшти дека досега се уапсени над 100 лица поврзани со насилниот упад во Капитол Хил.
Авиокомпаниите и аеродромите во САД соопштија дека ги зголемиле безбедносните мерки пред претседателската инаугурација на која во естрадниот дел ќе настапат Лејди Гага која ќе ја отпее националната химна и Џенифер Лопез.