Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 февруари поради отсуство на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е позитивен на КОВИД-19.
Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски, на 7 февруари бранителот на Јанакиевски поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќи тој е позитивен на КОВИД-19 и приложил решение за самоизолација од 3 февруари.
Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.
Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.