Францускиот претседател Емануел Макрон збеснал поради одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да издвои стотици милијарди евра за поддршка на енергетскиот сектор во Германија, пишува британски The Telegraph.
„Париз е гневен германското започнување на шемата за домашна енергетска помош во износ од 200 милијарди евра без претходна консилтација со својот најблизок партнер во Европската унија, како и поради тоа што (Берлин) го претпочита американското вооружување“, пишува весникот.
Францускиот претседател, како што се наведува во написот, дури ја откажал планираната средба со германскиот канцелар.
„Одлуката да бидат одложени традиционалните меѓувладини консултации сигнализира за растечкиот јаз меѓу земјите во ЕУ во енергетската и во воената сфера“, оценува авторот на статијата Хенри Семјуел.
Портпаролот на Шолц, кого го цитира весникот, признал дека постои низа прашања за коишто Берлин и Париз не можат да постигнат единствена позиција.
„Французите се многу лути на Германците, особено на Шолц. Тие за тоа не зборуваат јавно, но приватно тие ги искажуваат гневот“, го цитира The Telegraph неименуваниот извор од дипломатските кругови.
Францускиот претседател Макрон коментираше дека одлуката на Германија да ја започне шемата за спас на сопственото стопанство и граѓаните од скоковите на цените на енергијата во износ од 200 милијарди евра, може да доведе до „изобличувања“ во ЕУ.