Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо и уште две леца ќе се бараат со национална потерница. Обвинителството за организиран криминал во средата веќе издало наредба, бидејќи четворицата се во бегство.
Судот претходно минатата седмица им одреди 30 дневен притвор за настаните на крвавиот 27- ми април. По нив ќе се распише и меѓународна потреница, а мерката против нив ќе биде спроведена по нивното приведување.
Во притвор за упадот во Собранието се екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.
Кривичниот суд најдоцна до четврток треба да донесе одлука дали ќе им го продолжи притворот на останатите осомничени кои се веќе во притвор. Обнивнителството за сите барало продолжување на мерката притвор.
Во притвор се, меѓу другите, и поранешниот министер за внатрешни работи и началник на бирото за јавна безбеднсот Митко Чавков началници во МВР, и учесници и организатори на протестите на здружението „За заедничка Македонија“, меѓу кои се и активистот Богдан Илиевски, оперескиот пејач Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.
За сите нив обвинителството бара да им се продолжи притворот. Во притворското одделение на затворот во Шутка се и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, додека Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Јулијана Пешевска се во домашен притвор.
За пратениците се одлучуваше една седмица подоцна.