Одлуката за исклучување на Русија од SWIFT за неколку дена

Одлуката за исклучување од меѓубанкарската мрежа за трансакции SWIFT ќе биде донесена во рок од неколку дена, пренесуваат во саботата вечерта медиумите повикувајќи се на неименувани челник на една од централните банки во еврозоната.

„(Исклучувањето на Русија од) SWIFT е само прашае на време, многу кусо време, деновиве“, го цитира агенцијата Reuters неименуваниот соговорник.

Деновите земјите од ЕУ се двоумеа околу тоа дали на Русија да ѝ го блокираат и пристапот до мрежата за меѓународни трансакции SWIFT. Исклучувањето на Русија од овој систем кој го користат илјадници банки би нанел првично тежок удар на рускиот банкарски систем, поради недостапност до финансии. Но владите на многу земји стравуваат и за штети врз своите стопанства и економии, бидејќи тоа ќе предизвика големи нарушување и недостатоци во набавката на руски енергенси, метали и минерали, во прв ред на нафтата и гасот.

Од западните земји САД и Германија би биле најмногу погодени од таквиот потез, бидејќи нивните банки се најчестите корисници на SWIFT-от при трансакции со руските банки, проценуваат во тинк-тенкот Carnegiе.

Германската влада е сепак подгтовена да го подржи исклучувањето на Русија од SWIFT под одедените услови, објави во саботата вечерта германскиот весник Handelsblatt повикувајќи се на владини извори.

Во петокот претставниците на германската влада и на министерството за надворешни работи објавија дека Германија во моментов нема да поддржи таква санкција против Русија, како исклучувањето од меѓународниот платен систем SWIFT. Владата појасни дека таквата мерка би било „технички тешко да се подготви“, бидејќи евентуалното исклучување „би имало значително влијание врз германските компании кои работат со Русија“. Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, пак, рече дека исклучувањето од оваа платформа ќе ја оневозможи хуманитарната соработка со Русија.

„Исклучувањето на руските банки од меѓународниот платежен информациски систем SWIFT станува сѐ поверојатно. Сојузната влада, којашто долго време ја отфрлаше оваа санкција, сега е подготвена да го стори тоа под одредени услови. Договорот би можело да биде постигнат уште во текот на ноќта во текот на закажаната видео-конференција меѓу американскиот претседател Џо Бајден и шефовите на европските влади“, пишува Handelsblatt, повикувајќи се на извори од германската влада.

За исфрлање на Русија од SWIFT се дискутираше и во 2014 година, поради што Русија разви алтернативен систем SPFS. На овој систем отпаѓаа околу петтина од трансакциите во Русија во 2020 година, според податоците на тамошната централна банка, кој сака тој удел да го зголеми до 30 отсто во 2023 година. Меѓутоа, SPFS не успеа позначајно да се афирмира по прашањето на глобалните транскации, но непознато е дали би можел да направи пробив во новонастанатите услови.