Цените на нафтата останаа блиску до 84 долари на меѓународните пазари во понеделникот, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и другите големи извозници одлучија да ја намалат понудата до средината на годината.
На лондонскиот пазар цената на барелот доцна попладнето беше речиси непроменета во однос на крајот на минатата седмица и изнесуваше 83,74 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде барелот се тргува по 80,03 долари.
Одделно, OPEC објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки во петокот поскапе за 64 центи на 82,65 долари.
Трговците ја започнаа неделата фокусирани на состанокот OPEC и сојузничките земји независни големи производители предводени од Русија познати како OPEC+ во неделата. Групацијата моментално ја намалува понудата за 2,2 милиони барели дневно, а во неделата одлучија да пласираат помалку барели на пазарот до крајот на јуни поради ослабената економија. Сегашниот договор на OPEC+ истекува на крајот на март.
Со најновата одлука групацијата ќе го намали производството во вториот квартал на 34,6 милиони барели дневно, а се прогнозира дека тоа може да надмине 36 милиони барели дневно во мај доколку одлучат постепено да го нормализираат, изјави Хорхе Леон од консултантската компанијата „Rystad Energy“.
„Новиот потег на OPEC+ јасно го покажува силното единство во групата, што беше доведено во прашање по министерскиот состанок во ноември и повлекувањето на Ангола (…)“, објаснува Леон.
„Одлуката покажува и дека групата одлучила да го одбрани ценовниот праг над 80 долари во вториот квартал“, додава тој.
Се очекуваше продолжување на договорот за ограничување на понудата, но аналитичарите предупредуваат на разликата во цената на полесна нафта во зависност од датумот на испорака. Барелот со датум на испорака за 30 дена е поскап за 4,56 долари од оној што треба да му биде испорачан на купувачот за неколку месеци, со оглед на најавената погуста понуда.