Одмазда на Заев за „Поткуп“?!

Долгопланираната одмаздничка акција на премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за случајот „Поткуп“ врз Одделот за борба против организиран криминал почнала вчера по завршувањето на работното време во МВР.

Во немоќ како да ги сменат докажаните кадри на овој Оддел, кои од самото основање во 2004 година до сега работат на најкомплексните случаи на криминал, корупција и тероризам во Македонија, започнаа со притисоци и присилба за потпишување на изјави за прераспоредување по сопствено барање. На овој начин се сменети началниците на секторите за истраги и единицата зо борба против корупција, чии имиња поради сензитивноста на нивната работа не ги објавуваме.

Овие раководни лица изминативе 14 години работеа на случаи како тие против тутунскиот бос, Бајруш Сејдиу, Велија Рамковски, откривањето на најголемата лабораторија за дрога на Балканот во која беше инволвиран Милан Зарубица, поднесувањето на пријави за Диво Насеље, случаите на корумпиурани полициски и царински службеници, случајот со поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, случајот со царинскиот службеник од Струмица и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, слуајот „Керозин“ и еден куп други успешни регионални операции на Балканот.

Освен со оперативното работење овие лица учествуваа во изготвувањето на сите стандардни оперативни процедури во МВР, измени на ЗКП, како и во реформите на следењето на комуникациите за потребите на истражните органи. Нивната инволвираност во процесирањето на случајот „Поткуп“, на кој работеа по задолжение од надлежен јавен обвинител како дел од правосудната полиција, им пресуди наместо да се пензионираат во овој Оддел, истите да бидат присилени да бидат деградирани 3 хиерархиски нивоа надолу надвор од овој Оддел.

Нивниот силен и личен професионален кредибилитет без никакви дамки во својата кариера се помножи со нула само поради личниот криминоген карактер на Заев, кој преку новата обвинителка во овој предмет, сакаат да ја сокријат вистината и да го релативизираат нивото на коруптивност на Зоран Заев.

На ова претходеше смената на тимот на јавни обвинители кои од самиот старт го водеа предметот како и реизборот на третиот член на тимот кој ја водеше истрагата на „Поткуп“ и „Пуч“ односно за криминалот и насилството врз институциите на Зоран Заев и неговите блиски лица и нивните фирми.

Министерот Спасовски е само слеп послушник и исполнител на желбата за одмазда на премиерот кон луѓето кои докажаа дека имаат силен морален интегритет да гонат криминал на неселективен начин. Нивото на одмазда кон овие професионалци оди дотаму што не само нивна деградација, туку се прави вистинска конструкција со цел да се направи случај во кој тие и кривично би одговарале.