На 07.06.2023 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(28) од Кочани.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кочани за издржување мерка притвор.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката притвор.