Загадувањето на воздухот во неколку скопски општини ноќта кон средата било неколкуратно повисоко од максимално дозволеното ниво.
Мерните станици највисоки регистрации измериле во Аеродром, 854 микрограми на метар кубен , во Лисиче 577, а кај Ректорат 532 микрограми на метар кубен.
Најмалку загадено беше во Центар, иако со три пати повеќе ПМ 10 честички од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Покрај Скопје, загаденоста на воздухот беше голема и во Кавадарци, Битола и Куманово