Одобрена абдикцијата на шпанскиот крал

Шпанските пратеници со мнозинство гласови ја одобрија абдикцијата на кралот Хуан Карлос и со тоа му го отворија патот на принцот Фелипе да застане на чело на монархијата.

За абдикцијата гласале 299 пратеници, 19 биле против, а 23 воздржани. Гласањето било по расправата на малите левичарски и регионални партии кои повикале на референдум за иднината на шпанската монархија. Овој предлог треба да помине и преку Сенатот, горниот дом на парламентот, а за тоа сенаторите ќе гласаат на 17 јуни.

Кралот Хуан Карлос на 2 јуни го најави своето повлекување, по 39 години поминати на тронот.