Одобрени повеќе пари за печки на пелети

Владата ги зголеми средствата за вториот повик за печките на пелети.

По денешната седницата, Владата соопшти дека ги зголемила средствата за поддршка на трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата од 14.000.000, на 21.000.000 денари.

Владата го задолжила Министеството за економија да објави втор Јавен оглас каде право на аплицирање ќе имаaт сите домаќинства кои купувале печки на пелети во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година.