Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, директорот на „Путеви Републике Српске“ Милан Дакиќ и Младен Лучиќ, сопственик на компанијата „Legend“ од источно Сараево, кои Обвинителството ги товари за заговор за извршување кривични дела, перење пари, примање мито и злоупотреба на службената положба или овластување.
Во соопштението на Судот на БиХ, објавено на страницата на оваа судска институција по полноќ, се наведува дека мерката притвор за Нешиќ, Дакиќ и Лучиќ е одредена „поради страв дека ќе уништат, скријат, менуваат или фалсификуваат докази и траги важни за кривичната постапка и влијаат врз сведоците, соучесниците или прикривањата“.
Рочиштето во Судот на БиХ, на кое Обвинителството на БиХ побара на тројцата да им се одреди притвор, се одржа вчера.
На Нешиќ пред закажаното рочиште му се слоши, па заврши во итната медицинска помош, за по завршувањето на рочиштето повторно да му се слоши, по што бил хоспитализиран во Клиничкиот центар во Сараево.