
По резултатите од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, одредени се 12 од 16 учесници во плејофот.
Синоќа влезници за 1/8 финалето добија Арсенал кој го совлада Ленс (6:0) и ПСВ кој стигна до плејофот благодарение на победата на Реал Мадрид над Наполи (4:2).
Претходно место во плејофот изборија: Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд и Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Манчестер сити и Лајпциг.
Првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите ќе се одржат на 13 февруари.
Финалето на турнирот ќе се одржи на „Вембли“ во Лондон на 1 јуни.