Началникот на Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација, генерал-полковник Михаил Мизинцев, предупреди дека украинските неонацистички одреди како „жив штит“ држат повеќе од 6.900 заложници од 16 држави.
Според зборовите на Мизинцев, хуманитарната состојба во Украина продолжува забрзано да се влошува, а во одредени градови достигнва катастрофални размери.
-Вооружени формации на неонацистите минираат станбени квартови, рушат мостови и патишта, уништуваат продажни објекти. Поради таквите злосторнички дејствија, насочени пред се против украинскиот народ, цивилното население е принудено да живее во нечовечки услови, без огрев, струја, водоснабдување, храна и лекови – изјави Мизинцев.