Жителите од Елен Камен и Радожда загрижени за безбедноста. Откако одрон од карпа деновиве го блокира патот тие стравуваат бидејќи се уште голем дел е напукнат и претставува опасност од нови одрони а дополнителен проблем е и водоводната цевка која при санирањето пукнала.Тие бараат надлежните да реагираат навреме да недојде до несакани последици.
Претседателот на месната заедница Елен Камен Попоски бара да се постави заштитна мрежа на овој патен правец кој особено за време на викендите е доста фреквентен и да се изврши санација на карпата.
Инаку ова не е прв пат да има одрони на овој потег во февруари годинава голем одрон од карпа оштети помошни простории во неколку куќи во Радожда за среќа немаше повредени лица.