![odroni (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/odroni-1.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – Долно Блаце кај месноста викана „Вражји вир“ од синоќа од 19:30 часот се одвива по една лента поради одрони на камења на неколку места, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.