Одрони на повеќе патни правци, еве каде има забрана за сообраќај

На патниот правец Кочани – Делчево поради одрон со голема количина на материјал, сообраќајот е во прекин и се работи на расчистување.  Како алтернатива може да се користи патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Вчера од 17:00 часот општинскиот пат село Долни Полог- село Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На 10.03.2016 год  од 13 часот поради одрони на пат  на Виничка раскрсница помеѓу с.Истибања и  с. Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правца, Сообраќајот се пренасочува преку Виница.

Според информација од ДЦС МВР од 12:20 часот вчера на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај с.Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.  Слаб дожд врне во Крива Паланка,Страцин и Смојмирово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.