Одржан состанок на Меѓуресорското тело за човекови права

Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се реактивираше работата на Меѓуресорското тело за човекови права со кое претседава Министерот за надворешни работи, а во чиј состав се државните секретари на ресорните министерства, директори на релеванти агенции и претседатели на независни тела за човекови права.

На денешниот состанок, раководен од министерот Никола Димитров, меѓу другото беа разгледани и прашања поврзани со претстојните извештајни обврски на Република Македонија по меѓународните инструменти за човекови права, актуелните обврски во областа на човековите права  во контекст на интеграцијата со ЕУ, а беа разменети мислења и околу потребата од зајакнување на меѓу-институционалната координација околу теми од областа на човекови права и Целите за оддржлив развој.

Исто така стана збор и за идната работа на Меѓуресорското тело и модалитетите за идна вклученост на претставници од граѓанскиот сектор кои се активни по прашања поврзани со заштита и промоција на човекови права.

 

 

 

Скопје, 6 јули 2018 година