Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска се сретна со неговиот Австриски колега, Себастијан Курц. Предвидена е посета на министерот Курц на Република Македонија за одбележување на 20 години од воспоставување дипломатски односи, а во исто време е планирана културна презентација во Австрија.
Австрија е втор најголем инвеститор во Македонија и секогаш давала силна поддршка за економскиот развој и евро-атлантско интегрирање на Балканот. Австриски експерти се предвидени да советуваат претпријатија во Македонија, како дел од австриска владина поддршка на нашата земја.
Министрите разговараа и за препораката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
“Австрија е одлучна да помогне за евроинтеграција на Македонија и регионот. Македонија е одлучна да работи кон градење на позитивна клима во соседството. Клучот за преговори со ЕУ е кај Грција, но вратата ќе се отклучи преку ангажман на водството на членките,” истакна министерот Попоски.
Австрија и Македонија имаат интерес за надминување на тековните блокади и за градење мостови помеѓу сите земји во регионот.