Оџа нападнат со секира во Осло

Оџа беше тешко ранет во најголемата џамија во Осло откако непознат маж го нападнал со секира.

Околностите во кои се случил инцидентот се уште се нејасни.

Сторителот бил маскиран и се уште е на слобода. Оџата бил опериран во текот на ноќта и според болнички извори, неговата состојба моментно е стабилна.