Вработен во полициската станица за граничен премин „Крива Паланка“, физички ја нападнал неговата сопруга В.С.(1968), удирајќи ја со клоци во пределот на телото, по што и нанел видливи повреди.
Како што соопштуваат од МВР, настанот се случил вчера околу 11,14 часот во с.Жидилово-Крива Паланка, пред семејната куќа сопругот.
Во просториите на полициската станица за граничниот премин „Крива Паланка“ од страна на Командирот со потврда за привремено одземени предмети од него е одземено службеното оружје-пиштол „ТТ М-57“ кал.7,62мм и 2 рамки со 18 куршуми за истиот.