Одземени сите лични документи на Ѓорге Давид

По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот, информираат од Јавното обвинителсво во Скопје.

Ова следува по тешката сообраќајна несреќа која се случи викендов во Македонија, во која една жена го загуби животот.