
Во периодот од 18.15 часот на 11.12.2022 до 06.10 часот на 12.12.2022, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север од слобода лишиле четири лица, од кои тројца македонски и еден албански државјанин, соопшти МВР.
Во 18.15 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен А.Б.(41) од Гевгелија затоа што при контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „фолксваген транспортер“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.
За исто дело, денеска во 06.10 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен и Е.Д,.(37) од Република Албанија. При контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „форд фиеста“ со романски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.
Додека пак, на 11.12.2022 на локалниот пат с.Табановце – с.Лојане, кумановско, во атар на с.Лојане, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Х.Х.(21) и Х.М.(39), двајцата од с.Сопот, кумановско. При преглед во возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Х., биле пронајдени и одземени пиштол „COL. 9 mm Parabelum“ и полна рамка во него со 10 куршуми калибар 9 мм.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.