ОФФест сепак ќе се одржи – министерството за култура ја прифати жалбата на организаторот

ОФФ-фест сепак ќе се одржи.  Откако организаторот на фестивалот „ОФФ-фест“ до Министерството за култура поднесе жалба со барање  за корекција на одлуката за поддршка на 22-то фестивалско издание, таа е уважена и престижниот фестивал на ткн „музика на светот“ сепак ќе се одржи.

Инаку, за потсетување, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, претходно ги охрабри организаторите да поднесат формално правна жалба, откако по објавувањето на резултатите за поддршка на конкурсот на Министерството за култура, на 15-ти февруари, организаторите на фестивалот најавија дека фестивалот ќе биде откажан, затоа што сумата која им била доделена не е доволна за организација на концертите.