Офицер на германскиот Бундесвер осуден за шпионажа за Русија

Офицер на германската армија Бундесверот, наводно близок на десничарската сувеенистичкапартија Алтернатива за Германија (AfD) е осуден во понеделникот во Дизелдорф на три ипол години затвор за шпионирање во полза на Русија.

„Капетанот на Бундесверот навлезе во интересите на Русија за да добие предност за руските воени сили“, се вели во обвинението против 54-годишниот германски офицер.

Притоа тој предал „чувствителни информации“, се наведува во текстот на обвинението.

„Обвинетиот работел како агент на државата, која се покажа како безобѕирен агресор“, се наведува и во обвинението.

Судијата на Високиот регионален суд во Дизелдорф при носењето на казната го следел барањето на државното обвинителство за три ипол години затвор.

Се тврди дека било утврдено оти офицерот на Бундесверот се приклучил на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во исто време кога почнал да дава воени тајни на руските агенти.

Одбраната на осудениот офицер, кој ја призна вината на крајот на април, изјави дека нивниот клиент „за четири дена уништил сѐ што изградил со децении како професионален војник“. Таа го објасни однесувањето на офицерот на Бундесверот со неговото консумирање „лажни вести“ преку TikTok и Telegram, кои „го оддалечија од реалноста“.

Според неговите сопствени изјави, офицерот дејствувал од страв од избувнување нуклеарна војна како резултат на ескалацијата на војната во Украина.

„Тоа е најглупавата работа што сум ја направил во животот“, рекол осудениот офицер на Бундесверот, кој беше уапсен во август минатата година.

Во меѓувреме, според неговите сопствени изјави, излегол од членството во AfD.

Втората спроед рејтингот на сојузно ниво, AfD е најсилната политичка партија во големи делови од источна Германија, и е обвинета од етаблираните партии кои се загрозени од нејзиниот подем, дека е заслужна за политичката наклонетост и разбирање на позициите на официјалниот Кремљ, а AfD, исто така, се противи на воената помош за Украина.

AfD, исто така, е популарна меѓу таканаречените руски Германци, припадници на германската етничка група во поранешниот Советски Сојуз, кои масовно се преселија во Германија по распадот на СССР и сè уште изразуваат отворено силни проруски ставови.