Официјален претставник на Хутите: Имаме „изненадувања“ за САД и за Израел

Водечкиот функционер на Хутите, Абдул Сатар Ал-Нехми рече дека операциите на Хутите ќе продолжат се додека групата не ги „присили“ глобалните сили, вклучително и Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, да ги спроведат нивните барања, кои вклучуваат запирање на израелските воени операции во Појасот Газа и зголемување на хуманитарната помош за Газа.

 

Ал Нехми рече дека групата има подготвено „повеќе изненадувања“ кои ќе ги наведат САД, Израел и другите западни сили да ги исполнат барањата на Хутите. Тој рече дека нападите врз бродовите „True Confidence“ и „Rubymar“ биле резултат на инсистирањето на морнарите да им пркосат на Хутите и да се упатат кон израелските пристаништа. Ниту еден од бродовите не бил на пат за Израел.

„Имаме цврсто верување во нашето раководство и неговите одлуки, што не мотивира да продолжиме со овие операции за поддршка на нашите браќа во Газа“, рече Ал-Нехми.
Многу набљудувачи велат дека Хутите ги искористуваат пропалестинските чувства меѓу Јеменците за да продолжат со нападите.

Поранешниот новинар на новинската агенција Саба, Самах Лутф, кој во моментов е хонорарен новинар со седиште во Аден и Египет, рече дека меѓународната заедница нема друг избор освен или да ги „искорени“ Хутите или да се обиде да ги доведе во договор кој обезбедува поморска безбедност во регионот.

Поради регионалната и локалната поддршка, дарежливата иранска поддршка и отсуството на економска и политичка одговорност кон светот, Хутите стануваат се похрабри во нивните воени операции, сметајќи дека тоа е единствениот начин да го подобрат својот имиџ и да ја рекреираат поддршката што ја изгубија во народот поради економските и политичките кризи со кои се соочуваат во Јемен.

Хутите првично ги таргетираа бродовите само за да ги предупредат пред постепено да започнат со нивниот директен напад, што предизвика делумна штета на група од тие товарни бродови додека нападите не стигнаа до точка на потонување бродови и убивање на нивните екипажи.

САД и Јемен открија сложени мрежи што го поврзуваат Иран со Хутите, вклучително и обука од Иран и трансфер на иранско оружје. И покрај тоа што ги признаваат добрите односи со Техеран, лидерите на Хутите негираат таква врска.