![kovacevski-protokol-bg-681x391](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/kovacevski-protokol-bg-681x391.jpg?resize=681%2C391&ssl=1)
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, по владината седница, одржа прес конференција во врска со новиот текст на францускиот предлог за деблокирање на македонските евроинтеграции, кој денеска пристигна во Владата.
Тој изјави дека официјалните ставови околу францускиот предлог ќе бидат соопштени во јавноста откако документот ќе ги помине сите филтри. Ќе има широка консултација, со партиите, граѓанските организации и експерти.
„Нашите забелешки се содржани во овој предлог што го имаме во МНР. Историските прашања нема да бидат дел од преговарачката рамка. Ќе има широка консултација, со партиите, граѓанските организации и експерти“, рече Ковачевски и ги повика сите политички актери да се воздржат од шпекулации.
За сите други детали, Ковачевски рече дека со министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат консултации околу предлогот.