Тренерот со македонски корени во битката за тренерската позиција на тимот од Белград го победи Александар Џикиќ, а тоа го потврди и српската екипа. Негов помошник ќе биде Митев, кој во кариерата го предводеше МЗТ Скопје.
Официјалната промоција на новиот тренер на Партизан е закажана за петок од 14 часот, а Филиповски досега во кариерата работеше како стратег на Монако, Банвит, Зелена Гора, Унион Олимпија, Локомотив Ростов, Лотоматика Рома, а му беше и асистент на Душко Вујошевиќ во тимот на ЦСКА Москва.
https://twitter.com/PartizanBC/status/1324403635745443840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1324403635745443840%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fregion%2Foficijalno-makedonskiot-tandem-sedna-na-klupata-na-partizan