Српската напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ е апсолутен победник на парламентарните избори одржани на 21-ви јуни со освоени 60,65 отсто од гласовите со одѕив од 48,93 отсто, соопшти во неделата Републичката изборан комисија.
На коалицијата којашто ја предводи СНС оваа победа ѝ носи 188 пандати и двотретинско мнозинство во 250 мандатната Скупштина на Србија (парламентиот), и можноста сами да формираат влада.
Изборната комисија во неделата, по повторените избори на неколку десетици избирачки места, ги објави конечните резултати според коишто на изборите од вкупно 6584.376 избирачи гласале 3.221.908 гласачи, што претставува излезност од 48,93 отсто.
Изборната лсита „Алескандар Вучиќ – За нашите деца“ освоила 60,65 отсто од гласовите.
Следи листата „Ивица Дачиќ – Социјалистичка партија на Србија (СПС) – Единствена Србија (ЈС) – Драган Марковиќ Палма“ со 10,38 отсто од гласовите, што на социјалистите им носи 32 мандати.
Изборниот праг, кој на овој изборен циклус беше симнат од 5 на 3 отсто, го мина само уште изборната листа „Александар Шапиќ – Победа за Србија“ на поранешниот српски ватерполо репрезентативец кој со 3,83 отсто од гласовите освои 11 пратенички мандати.
Во парламентот влега и четири малцински партии од кои „Сојузот на војводинските Унгарци – Иштван Пастор“ е најброен со девет мандати. Хрватската заедница, пак, остана без свој претставник во овој мандат на српскиот парламент, бидејчи лидерот на Демократскиот сојуз на војводинските Хрватио, Томислав Жигманов, му се придружи на опозицискиот Војводински фронт, кој како дел од пошироката коалиција Обединета демократска Србиј, остана под изборниот праг од три отсто.