![eurofarm pelister](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/eurofarm-pelister.jpg?resize=648%2C432&ssl=1)
Утрово во „градот на конзулите“ беше потпишан договор меѓу Општината Битола и РК Еурофарм со што се официјализираше продажбата на акциите на РК Пелистер.
Како што објави ТВ Тера, ова ќе значи фузија на двата тима под името РК Еурофарм Пелистер.
Иако оваа соработка се посакуваше одамна, компанијата Еурофарм во ракометот влезе откако прво го купи клубот „Работник“, па дури неколку години подоцна со денеска официјализираниот откуп на акциите, ќе го припои и РК Пелистер.
Новосоздадениот РК Еурофарм Пелистер ќе настапува во СЕХА лигата и на меѓунардоната сцена, додека вториот ентитет именуван како РК Еурофарм Пелистер 2 ќе игра само во македонските натпреварувања.
Се очекува годишен буџет од еден милион евра, при што Општина Битола во следните пет години ќе издвојува 15 милиони денари, почнувајќи од оваа сезона 2019/2020, а во времетраење од пет сезони.
Во моментов клубот се уште нема тренер, откако ја раскинаа соработката со Стевче Алушевски.