Клоп, кој во Ливерпул доаѓа на местото на Брендан Роџерс, ќе биде 20-от менаџер во историјата на клубот. На “Енфилд Роуд” ќе биде претставен утре, на прес – конференција закажана во 11 часот.
Според договорот, тој ќе заработи 18 милиони евра и ќе ги води “црвените” во наредните три сезони.
Јирген Клоп со Борусија Дортмунд освои две шампионски титули во Германија (2011, 2013), а играше и во финалето на Лигата на шампионите. Со него во стручниот штаб доаѓаат и неговите досегашни соработници, Жељко Бувач и Петер Кравиец.
Ливерпул во моментов се наоѓа на десеттото место на табелата со 12 освоени бода, шест помалку од првопласираниот тим на Манчестер Сити. Раководството и фановите на клубот се надеваат дека Клоп би можел да го одведе Ливерпул до пласман во Лигата на шампионите.