Официјално: Првиот соработник на Заев разочаран од потпишаниот договор си поднесе оставка

Официјално: Првиот соработник на Заев разочаран од потпишаниот договор си поднесе оставка
Официјално: Првиот соработник на Заев разочаран од потпишаниот договор си поднесе оставка

Првиот соработник на Зоран Заев и потпретседател на СДСМ, Ванчо Узунов го напушти својот претседател, разочаран од деструктивните политики, но најмногу заради потпишаниот договор од пред три дена, кој Заев неуспешно се обидува да го претстави како позитивен пред членството и интелектуалната опозициска клика. Во наредниот период се најавуваат уште оставки, бидејќи мнозинствито на функционери и членови на СДСМ не го прифаќаат постигнатиот договор и најавуваат внатрепартиска пресметка, пишува Курир.

Узунов, кој беше еден од четворицата потпретседатели оставката ја поднел пред завчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, веднаш по постигнатиот договор за парламентарни избори во април следната година. Узунов оставката ја доставил во писмена форма, а партискиот портпарол Петре Шилегов вчера го потврди повлекувањето на универзитетскиот професор.

Ваквиот чекор Узунов го најави уште минатата недела, како револт од политиките што ги спроведува раководството на партијата предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Тој отворено во својата последна колумна го изнесе своето размислување за политиките на неговата матична партија и за резултатите од анкетата на ИРИ. Тој за разлика од Заев, кој смета дека се нерелевантни, ги прифаќа резултатите и ги оценува  како релевантен показател на јавното мислење.

uzunov

-Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика, пишува Узунов.

По потпишаниот договор за излез од политичката криза, Узунов дефинитивно одлучи да му сврти грб на Заев.  Узунов најверојатно свесен дека со овој договор СДСМ ќе доживее уште еден дебакл на изборите официјално се повлече во текот на вчерашниот ден.

Дополнително, се најавуваат уште оставки во наредниот период бидејќи според партиски извори мнозинствито на функционери и членови на СДСМ не го прифаќаат постигнатиот договор и најавуваат внатрепартиска пресметка.  Дел од медиумите веќе објавија дека на седница на Централниот одбор на СДСМ одржана во средата, Заев одбил да го стави на гласање Договорот од Пржино, сервирајќи им го како “техничка завршена работа”, а сериозна загриженост искажале голем дел од членовите на Централниот одбор.

Една од посериозните забелешки на членовите на Централниот одбор било дека раководството најавило дека ќе оди на годишен одмор, а нема никаква програма за работа, ниту пак концепт и програма за избори, како ни план и кадри кој треба да го истуркаат предизборниот процес.

На Заев и раководството им било забележано дека не поднеле отчет за нискиот рејтинг во партијата и дека немаат план како тој рејтинг да се поправи, а приказните кои кружат во партијата дека некоја италијанска фирма ќе ја правела програмата на СДСМ биле оценети како аматеризам и губење време, бидејќи тоа е работа на партијата, а не на странска фирма.

-Членовите на централниот одбор се согласуваат дека мерило за успех на преговорите се изборите, но му замеруваат на раководството дека анкетите не одат во корист на СДСМ. Извори од ЦО на СДСМ наведуваат дека затоа е извесно дека во власта ќе влезат кадрите на Сорос кои ја водат партијата, а сите останати ќе треба да им ги одработат изборите догодина. На овој начин Соросоидите ќе останат чисти од изборниот пораз кој го најавуваат сите релевантни меѓународни анкети, пишуваше ВЕЧЕР.

Група од членовите по завршување на состанокот на ЦО заминала дома со коментари дека СДСМ е доведена во ќор-сокак и пред свршен чин пред изборите и дека Заев практично одлучува сам со Шеќеринска, Шилегов и неколку негови приврзаници од внатрешноста и дека е тоа последица на лошиот Статут на партијата кој беше донесен како таков по барање на Заев, со што делегатите на Конгресот и членовите на Централниот одбор не го бираат него, туку тој ги бира сам по личен избор.

Заминувањето на Узунов  преставува  и значително ослабување на економскиот тим.  Имено, неговото јасно и децидно оградување од политиките на Заев ја остава партијата  без човек кој би можел евентуално да подготви некаква програма за претстојните изборите, бидејќи токму тој беше единствениот економист во тимот, а сега со неговото заминување се губат и било каквите шанси дека СДСМ може да седне, да напише да понуди некаква програма, која од СДСМ не ја ни споменуваат.