Официјалното ниво на инфлација во Романија за 2013 година е 3,98 отсто

Официјалното ниво на инфлација во Романија за 2013 година изнесува 3,98%, пренесе „АФП“.

Според податоците на националниот статистички институт на земјата, месечната инфлација достигнала 0,3 отсто во декември, главно поради порастот на цените на храната.

Според Меѓународниот монетарен фонд, економијата на Романија ќе расте побрзо од другите земји во регионот во 2014 година, предвидувајќи зголемување на БДП за 2,2 отсто.