Кога е најтешко, Мурињо удира по фудбалерите

Легендарниот репрезентативец на Холандија, Јохан Кројф, остро го нападна контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, кој секогаш, кога е најтешко, вината за неуспехот ја лоцира кај своите фудбалери.

“Секогаш сме сведоци на иста приказна. Секогаш кога се е во најдобар ред, тогаш Мурињо се фали дека успехот е резултат од добрата работа. Секогаш, кога е најтешко, кога неговиот тим ќе влезе во една лоша серија, Мурињо вината за неуспехот ја лоцира кај своите фудбалери. Поради таквото однесување, Мурињо предвреме ја прекина соработката со Реал Мадрид, ја загуби контролата во клупската соблекувална. Исто ќе му се случи и во соблекувалната на Челзи. Мурињо има само еден голем проблем, го интересира само конечниот резултат. Резултатот е секогаш пред фудбалерите. Мисли на кратки патеки, не ја гледа големата слика”, изјави Кројф.