Предлогот за објавување оглас за именување јавен обвинител до Собранието го достави Владата, по разрешувањето на Марко Зврлески од 17-ти август.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 12-тата седница на која на дневен ред се повеќе одлуки и закони, меѓу кои Предлогот за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Македонија и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието.
Предлогот за објавување оглас за именување јавен обвинител до Собранието го достави Владата, по разрешувањето на Марко Зврлески од 17-ти август.
Штом огласот излезе во Службен весник, кандидатите имаат рок од 15 дена да достават апликација. Исто толку дена им стојат на располагање на членовите на Советот на јавните обвинители да се изјаснат позитивно или негативно по однос на доставените документи на секој од кандидатите. Потоа Владата избира еден од кандидатите за има согласност и го предлага на гласање во Парламентот. Јавниот обвинител се избира со 61 глас. Има мандат од 6 години.
На оваа седница на дневен ред е и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието која ја предложи парламентарниот спикер Талат Џафери и со неа се предвидува Парламентот наместо три како досега да има петмина потпретседатели.