„Огнени јазици“ од Горан Стефановски на Јутуб-каналот на Драмски театар

На Јутјуб каналот на Драмскиот театар Скопје вечерва со почеток во 20 часот ќе се емитува преставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски, соопшти Драмскиот театар.

Во истото време в сабота (16 мај), публиката ќе може да ја види претставата „Кандид во земјата на чудата“ по текст на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски.

Воедно, од Драмскиот театар додаваат дека овие претстави ќе останат на Јутјуб каналот и ќе можат да се гледаат и во иднина.