Ограбен манастирот „Голема Богородица“ во Ражанично

Пред два дена манастирот „Голема Богородица“ во село Ражанично бил мета на грабеж.

Непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од помошна просторија, при што одзел 50 порцелански тањири, чорбалоци, и електричен кабел, со што е причинил материјална штета од околу 4.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.