Ограбен накит вреден милион долари во Франција

Петнаесетина вооружени напаѓачи утрово ограбиле накит вреден милиони долари од две безбедносни комбиња на автопат во Франција, изјавил анонимен полициски извор за Асошиетед прес.

Напаѓачите ги запреле комбињата, со закана ги извадиле возачите, ги презеле возилата и потоа ги оставиле без вредниот товар, на автопатот А6. Никој не бил повреден.

Полицијата тргна во голема потера во регионот Јоне, јужно од Париз.