Тешка кражба се случила вчера во станот на триесет и седумгодишниот П.С. од Битола.
Крадецот од станот одзел поголема количина златен накит и два рачни часовници, причинувајќи материјална штета од околу 250.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.