Ограбен тaксист кај „Мавровка“

Ограбен тaксист кај „Мавровка“
Во полициската станица-Чаир, М.Х.(34) од Скопје вчера пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ поточно пред ТЦ „Мавровка“, од страна на непознат сторител извршено му е разбојништво при што му се одземени 930 денари.

Имено, сторителот разбојништвото го извршил на тој начин што откако се качил заради превоз во такси возило, при пристигнување пред ТЦ „Мавровка“извадил 1.000 денари со цел да плати такси услуга која изнесувала 200 денари, а оштетениот за да му врати кусур извадил пари по што сторителот му задал удар во пределот на лицето и му ги одзел парите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.