
Седумдесет и пет годишна старица се здоби со тешки телесни повреди, откако непознат сторител, ја фатил за чантата која ја носела во рака и почнал да и ја влече од рацете, по што таа паднала на асфалтната површина.
Како што соопштува МВР, настанот се случил вчера околу 09.30 часот во Прилеп, непознатиот сторител и ја одзел ташната и побегнал.
Од падот, В.Ј. се здобила со скршен колк и повреда во пределот на главата, констатирани во медицинскиот центар Прилеп, каде и е укажана лекарска помош.
По преземените дејствија од страна на полициски службеници од Прилеп, осомничениот е пронајден и лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.