Ограбена аптека на „Зегин“ во Тафталиџе

Аптеката „Зегин“ на улицата Московска во скопската населба Тафталиџе, синоќа околу 21 часот била ограбена од двајца разбојници.

Едниот од разбојниците бил вооружен со пиштол и со закани кон вработената украле околу 20.000 денари од дневниот промет и избегале.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадците.