Ограбена банка во Илинден

Оружен грабеж на банка се случи утринава во скопската населба Илинден.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), лице со качулка влегло во банката и им се заканило на вработените дека ако не ги дадат парите, ќе бидат убиени. Им извадил и пиштол. Тој успеал и да избега.

Од МВР излегоа со кратка информација.

„Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во населбата Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари“, соопштија од МВР.

Полицијата во моментов врши увид, а информации од Министерството за внатрешни работи најавуваат во текот на денот.

Засега е непознато со колкав плен побегнал крадецот.