Црква во Битолско била ограбена вчера, информираше МВР.
Според полицијата, кражбата вчера ја пријавил В.Ј. (57) од село Нижополе.
Тој пријавил дека истиот ден во времето од 11 до 16 часот непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Свети Параскева“ во Нижополе. Крадецот однел околу 4.500 денари.
Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.